Дебелината стана епидемија на современото живеење. Денес, кога многу луѓе се соочуваат
со голем број современи хронични болести, истовремено се судруваат со сè почестиот
проблем на дебелина. Развиеното материјално општество и консумеризмот, успеваат
безмилосно да ја искористат таа несреќа на современиот човек и да ја насочат кон
сопствено богатење. Така секојдневно се нудат производи за таканаречено лекување на
дебелината, кои со својата наводна „волшебност“ преку ноќ ќе изградат витко тело и ќе
отстранат десетици килограми.
Маркетингот успеа од разни суплементи што се нудат на
пазарот да создаде слика на семоќни волшебници, кои наводно ја враќаат силата,
виткоста, младоста, машкоста, женственоста и младешката вљубеност. Советите за начин
на исхрана ја надминаа скоро секоја непристојност, нудејќи „бизарни“ начини на исхрана
преку кои луѓето што долго време се борат со дебелина и други хронични болести, ги
водат до дополнителен очај и страдање. Така, на пазарот од производи и совети за
слабеење, настана вистински хаос. Потребата од вистинска стручност е потребна повеќе
од кога било.
Да се направи вистинскиот избор, да се дојде до вистината за решавање на проблемот со
дебелината и со многубројните здравствени нарушувања што ја следат, потребно е знаење
и вистинско себеспознавање. Отворен и свесен ум, за да се соочиш со вистината за
досегашниот неуспех.
Оваа книга е вистинската патека која води до спознавање на вистината за животот на
човекот и за природните закони на здравата виткост на телото и неговата способност и
моќ да живее согласно сопствената природа.
Програмата за намалување на вишокот килограми, која е опишана во оваа книга, е
единствен спој на двата најважни фактори што се клучни за целокупното здравје на
современиот човек. Тоа се храната и спиритуалното будење на личноста.